Алигатор на небото: Погледнете како руски борбен хеликоптер изведува неверојатни акробации (ВИДЕО)

Ударен хеликоптер Ка-52 „Алигатор” беше снимен за време на акробатска обука во Русија. Само неколку метри над површината на земјата се врти во круг, се крева нагоре со крената опашка.

На снимката објавена во саботата на телевизискиот канал „Ѕвезда”, се гледа хеликоптер кој изведува акробации над писта покриена со снег во близина на Хабаровск, на Далечниот исток на Русија.

Летајќи на мала висина, борбениот хеликоптер увежбува вртење во круг со непрекинато држење на мета на нишан. Хеликоптерот исто така изведува брзо полетување под агол од речиси 90 степени и се искачува во вис со крената опашка, што е вештина со која владее само Ка-52.

За време на ваквите тренажни летови пилотот учи како да изведува мисии по лоши временски услови, наведува телевизијата „Ѕвезда“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња