Со кој радар руската армија откри шест „невидливи“ ловци F-35 на оддалеченост од повеќе од 1500 км?

U.S. Air Force photo/R. Nial Bradshaw - U.S. Air Force
Руската далекуметна радарска техника од новата генерација успеа во близина на иранската граница да открие група од шест повеќенаменски ловци од петтата генерација F-35. Ова е постигнато со радар кој има специфичен режим на работа, кој при пребарување на воздушниот простор ја користи јоносферата.

Радарските капацитети за ПВО-ПРО го контролираат воздушниот простор околу Руската Федерација на оддалеченост и до неколку илјади километри. Ова го напомена рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека далекуметните радио-технички средства на ПВО во близина на иранскиот воздушен простор детектирале шест повеќенаменски ловци од петтата генерација F-35 само неколку часа по ракетниот удар врз американските воени бази во Ирак.

Според првиот човек на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, „во тој момент во близина на иранската државна граница се детектирани најмалку шест ловци F-35. Оваа информација треба дополнително да се провери, меѓутоа, таа укажува на целата сериозност на ситуацијата која ја зголеми нервозата“, напоменува рускиот веб-портал РГ.

Според воените експерти, во моментов во рамките на ПВО/ПРО на руската армија активно функционира еден задхоризонтален радарски систем со долг домет „Контејнер“.  Она што е особено пикантно е дека американските производители тврдат дека F-35 е невидлив авион. Меѓутоа, тоа е апсолутна бесмислица ако далекуметните системи од новата генерација можат да ги откријат илјадници километри далеку од руските граници.

Државните тестирања на задхоризонталната радарска станица „Контејнер“ беа успешно завршени минатата година, кога веднаш беше и ставен на оперативно-борбено дежурство. Самиот негов принцип на работа е многу оригинален и може да се смета за сензација во областа на радарските технологии.

Доколку, на пример, еден стандарден радар кој се наоѓа во рамките на далекуметен ПВО-систем или радио-техничката војска може да детектира и следи воздушна цел на далечина до 400 км, радарската станица „Контејнер“ го прави истиот процес на 2000 км. Практично, со овој радар е покриен воздушниот простор на сите земји на НАТО кои се наоѓаат на територијата на Европа. Благодарение на неговите супериорни тактичко-технички можности, се исклучува какво било изненадување кога станува збор за можен напад од воздушниот простор.

Првата радарска станица „Контејнер“ беше ставена на опитно-боево дежурство на 1 декември 2018 година. Оваа станица ќе го покрива воздушниот простор западно и јужно од границите на Руската Федерација. Следната станица од ист тип ќе го покрива комплетниот арктички простор (коридорите што поминуваат преку Северниот пол).

Радарскиот комплекс „Контејнер“ е специјализиран за откривање и фиксирање на аеродинамични објекти, како на пр. авиони-ловци или крстосувачки ракети. Принципот на неговата работа е многу едноставен. Радарските антени на комплексот „Контејнер“ емитираат под одреден агол електромагнетни бранови кои се одбиваат од слојот на јоносферата и се рефлектираат зад хоризонтот на растојанија од неколку илјади километри. Овие бранови потоа се враќаат на ист начин назад до истите антени и ги прикажуваат своите резултати на дисплејот на операторот кој управува со комплексот. При испитувањето на првиот комплекс „Контејнер“, инсталиран во близина на населеното место Ковилкино, јужно од Нижни Новгород, операторите кои работеа со него како на дланка ја гледаа комплетната воздушна ситуација речиси над цела Западна Европа.

Во меѓувреме руската армија формираше единствено радарско поле кое ги покрива буквално сите ракетни коридори кои влегуваат во воздушниот простор на Руската Федерација. Се работи за систем за рано предупредување од напад на балистички ракети од различен тип и дострел. Главниот елемент на овој комплексен систем се модерните радарски станици со екстремен опсег „Воронеж“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња