Околу цела Русија се формира интегрирано радарско поле кое ќе открива цели на далечина од 2000 км

Радарски систем со голем опсег 55Ж6М „Небо-М“

Радарски систем со голем опсег 55Ж6М „Небо-М“

Слободан Ѓукиќ
Покрај системот за рано предупредување од напад на балистички ракети, руската армија ќе образува и систем за рано предупредување од евентуален напад од страна на аеродинамични воздушни објекти како што се крстосувачки ракети, вклучително и перспективни убојни средства ракетни кои ќе летаат со хиперсонични брзини. Централен објект во таквиот систем сигурно ќе биде новата задхоризонтална радарска станица со екстремен опсегот „Контејнер“.

Руската армија наскоро ќе формира уникатно радарско поле околу границите на Руската Федерација за рано откривање на воздушни цели со ниска радарска рефлексија (крстосувачки ракети), како и други аеродинамични цели како што се борбени авиони од 4-та и 5-та генерација. Ова поле, исто така, ќе има способност и да открива воздушни објекти кои летаат со хиперсонична брзина.

Според руското Министерство за одбрана, ова радарско поле ќе работи на слични принципи како систем за рано предупредување од напади на балистички ракети, пренесува веб-порталот ТАСС.

Централен објект во таквиот систем сигурно ќе биде новата задхоризонтална радарска станица со екстремен опсегот „Контејнер“. Новиот радар е во состојба да открие групации на непријателски ловци и бомбардери практично од моментот на полетување. Тој е способен да го детектира моментот на лансирање на крстосувачки ракети од различен тип (вклучувајќи и хиперсонични објекти) на далечини поголеми од 2000 километри. На овој начин може да се обезбеди доволно време за алармирање на целосниот комплетниот систем на ПВО/ПРО и неговото ефикасно делување.

Првата радарска станица „Контејнер“ беше пуштена во опитно-боево дежурство на 1 декември 2018 година. Оваа станица ќе го покрива воздушниот простор западно и јужно од границите на Руската Федерација. Следната станица од ист тип ќе го покрива комплетниот арктички простор (коридорите што поминуваат преку Северниот пол).

Радарскиот комплекс „Контејнер“ е специјализиран за откривање и фиксирање на аеродинамични објекти, како на пр. авиони-ловци или крстосувачки ракети. Принципот на неговата работа е многу едноставен. Радарските антени на комплексот „Контејнер“ емитираат под одреден агол електромагнетни бранови кои се одбиваат од слојот на јоносферата и се рефлектираат зад хоризонтот на растојанија од неколку илјади километри. Овие бранови потоа се враќаат на ист начин назад до истите антени и ги прикажуваат своите резултати на дисплејот на операторот кој управува со комплексот. При испитувањето на првиот комплекс „Контејнер“, инсталиран во близина на населеното место Ковилкино, јужно од Нижни Новгород, операторите кои работеа со него како на дланка ја гледаа комплетната воздушна ситуација речиси над цела Западна Европа.

Во меѓувреме руската армија формираше единствено радарско поле кое ги покрива буквално сите ракетни коридори кои влегуваат во воздушниот простор на Руската Федерација. Се работи за систем за рано предупредување од напад на балистички ракети од различен тип и дострел. Главниот елемент на овој комплексен систем се модерните радарски станици со екстремен опсег „Воронеж“.

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња