Радарска станица за откривање цели на големи височини
Марина Лисцева/TASSВо декември 2019 година Русија отвори низа радарски станици под коден назив „Контејнер“ и така во голема мера ја унапреди својата противвоздушна одбрана.
Овие радари се наоѓаат во радиус од 500 километри околу Москва. Направени се според најновите руски технологии кои откриваат и следат дури и хиперсонични ракети на растојание од 3.000 километри.
Како што соопштува Министерството за одбрана на РФ, овие радари веќе имаат откриено неколку летови на „невидливи“ ловечки авиони над Блискиот Исток.
„Овие радарски станици можат да откријат и да следат крупни цели како што се ловци, тактички и стратешки бомбардери, но и помали цели како што се беспилотни летала“, изјави претставник од Министерството.
Тој исто така истакна дека системот може истовремено да следи 5.000 воздушни цели и во случај на потенцијална опасност да испрати податоци на единиците на противвоздушната одбрана по должината на границата,
Радарските станици „Контејнер“ се уште еден чекор на Русија во тековната модернизација на армијата.
Споменатите радари можат да следат цели од следната генерација кои доаѓаат од „нови височини“, односно од Земјината орбита и кои се недопирливи за сегашните системи за ПВО. Кога новите радарски станици беа вклучени во редовното дежурство, руските инженери продолжија да работат на системот кој може да соборува вакви цели, а тоа е системот С-500 „Прометеј“.
С-500 „Прометеј“ ќе биде во силна спрега со системот радари „Контејнер“. Тоа ќе биде најдобриот систем за ПВО кој некогаш бил создаден во Русија.
Единиците на противвоздушните ракетни и радиотехнички единици вежбаат гаѓање на полигон.
Министерството за одбрана на РФ /Global Look PressРаботата над овој систем и понатаму се држи во строга тајност со оглед на улогата што тој ќе ја има во одбраната на Русија. Ќе изнесеме неколку податоци кои ги соопштија конструкторите и претставниците на Министерството за одбрана.
Системот С-500 има за цел во најбрзо време да соборува хиперсонични ракети кои кон целта ќе летаат на висина над 100 километри (Земјина орбита).
Треба да се истакне дека ниту еден постоечки систем за ПВО во светот не може да ги заштити своите сопственици од опасност во релативно блиска иднина. Русија планира да биде прва на пазарот на одбранбени системи која ќе направи таков воздушен штит.
Излезе дека ракетите од системот С-500 „Прометеј“ можат да гаѓаат цели во космосот, благодарение на принципиелно новата автоматска глава за самонаведување. Тие самостојно ја дефинираат целта во космосот (ако контактот со Земјата е изгубен), ја пресретнуваат и ја уништуваат.
Исто така е познато дека овие ракети развиваат суперсонична брзина од 9 маха (10.800 километри на час) и ги пресретнуваат целите во радиус од 500 километри на висина од 100 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче