Ми-35М на аеродромот „Полуковник Миленко Павловиќ“ - Батајница
Министерство за одбрана на Република Србија / Војска на СрбијаНовата високопрецизна наведувана ракета со воздухопловното базирања „Монолит“ со калибар 122 мм е подготвена да влезе во завршната фаза на државни тестирања. Ова за веб-порталот ТАСС го изјави генералниот директор на концернот „Техмаш“ Владимир Лепин. Оваа концерн е дел од кластерот „Ростех“.
Работите над оваа ракета сè уште се во тек. Додека ракетата е во развој, прерано е да се зборува за нејзините тактичко-технички карактеристики. На крајот на краиштата, овој проект е во режим на воена тајна. Според Владимир Лепин, концернот „Техмаш“ е подготвен да влезе во фазата на државни тестирања, што е последната станица пред да започне нејзиното масовно производство и усвојувањето во вооружувањето.
„Монолит“ претставува наведувана ракета која спаѓа во класата на високопрецизното оружје. Тоа е воздухопловна ракета со калибар 122 мм. Претставува натамошен развој на ракетата „Бронебојшчик“, која според извори во воената индустрија, треба да ги замени ненаведуваните ракети „С-8“ со калибар 80 мм. Инаку, станува збор за ракети кои се незаменлив дел од вооружувањето на борбените хеликоптери (Ми-8АМТШ, Ми-35М, Ми-28Н, Ка-52) и јуришниците Су-25.
Што се однесува до ракетите „Бронебојшчик“ и „Монолит“, тие ќе ги заменат ненаведуваните ракети С-8 и С-13. Тие ќе можат да се интегрираат на постојните летечки платформи (хеликоптери и јуришни бомбардери) по инсталацијата на специјална опрема (напаѓачко-навигациски систем) што ќе управува со овие ракети. Треба да се исталне дека станува збор за наведувани проектили.
Она што е исто така многу важно е финансискиот аспект на целата приказна. Поточно, новите високопрецизни ракети со нема да бидат поскапи од постојните ракети С-8 и С-13.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче