Првиот руски електричен автомобил Zetta наскоро во продажба

Министерство за економија и трговија
Електричниот автомобил Zetta ќе биде првиот руски сериски автомобил на електричeн погон. Се очекува да се продава и во Русија и во странство.

Сериското производство на првиот руски електричен автомобил Zetta ќе започне во фабриката Толјати во првиот квартал на 2020 година. При крај е сертификацијата, која дозволува да стартува производството, изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров. Моделот Zetta е мал хечбек со три врати со електричен мотор.

Новиот електричен автомобил Zetta би требало да излезе на пазарот во неколку верзии истовремено. Се очекува да бидат понудени комплети со различен капацитет на акумулаторот, како и погон на две или четири тркала.

Се очекува минималната цена на првиот руски електромобил Zetta да биде околу 450000 рубли (околу 6400 евра).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња