Документот е датиран од 1 август 2019 година и со него се приложени фотографии од автомобилот. Оваа документација покажува каков навистина ќе биде надворешниот дизајн на новиот автомобил.
Zetta е првиот руски електричен автомобил кој сериски ќе се произведува во фабриката на компанијата во Толјати. Производителот ги таргетира рускиот и странскиот пазар. За електричниот автомобил се предвидени неколку комплети кои се разликуваат според капацитетот на батеријата и типот на погонот (на две или четири тркала). Почетна цена му е 450000 рубли (околу 6230 евра).
Шасијата е изработена од метална конструкција со панели од екструзиски композитен материјал. Погонски систем го сочинуваат индукциски мотори-тркала. Со едно полнење Zetta ќе може да помине од 300 до 560 километри во зависност од комплетот и, со самото тоа, капацитетот на батеријата.
Максималното годишно производство ќе биде 15000 автомобили, а до крајот на годината се планира да бидат произведени 10 примероци. Фабриката во моментов работи на подготовка на производството, кое би требало да започне во декември 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче