Го помина тестирањето на Арктикот: Новиот „Русак 3993“ во акција

Новото теренско возило кое во соработка го осмислија научници и инженери од градот Нижни Ногород и конструктори од република Татарстан, успешно е тестирано во Јакутија и на Чукотка.

Како што изјави раководителот на научно-истражувачката лабораторија на Техничкиот универзитет од Нижни Новгород  Александар Блохин, „Русак 3993“ претставува прототип на експерименталните примероци на генерацијата амфибиски возила за користење на крајниот север. Работата над проектот ја започнаа во 2016 година научниците од НГТУ „Алексеев“ и Фабриката за механички трансмисии од градот Набережние Челни. Теренецот на тестирањето помина преку 4000 километри движејќи се по непристапен терен од Јакутск до најсеверниот руски град Певек. Успеа да се избори со пролетната кал и снегот и во пракса ги покажа сите свои квалитети, меѓу кои е и проодноста.

Според главниот организатор на експедицијата Јакутск-Певек Владимир Чуков, ваквите возила се потребни онаму каде што нема потреба да се прават патишта. „Густината на населеност на Чукотка изнесува 0,7 жители на квадратен километар. Чуму им се патишта таму? Таму е потребна техника која во тие климатски услови сигурно ќе работи за луѓето кои живеат таму да не се чувствуваат отсечени од светот“, рече тој. Производството на новите возила на тркала и гасеници наменети за Арктикот ќе почне 2020 година.

Прочитајте повеќе за „Русак-3918”: Новото руско амфибиско возило влегува во производство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња