Уникатната високомобилна шасија од руско производство под називот „Платформа-О“ по успешните испитувања е прифатена за воведување во оперативна употреба. Се претпоставува дека ќе биде користена за ракетните системи „Топол-М“ и „Јарс“, кои во моментов поседуваат повеќеосовински шасии од белоруско потекло.
Како што соопштува ТАСС, повикувајќи се на советникот на генералниот директор на компанијата ПАО „КамАЗ“ и раководител на проектот „Платформа-О“ Владислав Полонски, адекватна нарачка се очекува годинава и можно е одговорот да биде потпишан веќе во октомври. Според соговорникот од компанијата, се работи за три високомобилни модуларни шасии-тегначи со транспортни капацитети од 25, 50 и 85 тони, како и за два тешки трактори способни за транспорт на врзани приколки со маса до 165 тони, односно за влечење на приколки и авиони со маса до 400 тони.
„Според барањето на државата, стапката на унификација со семејството домашни високомобилни модуларни платформи направени по шемата на електрична трансмисија „моторно тркало“, изнесува 86 проценти. Толку високо ниво на технички новитети за возила со транспортна маса од 85 тони досега во светот не е постигнат“, вели Владислав Полонски.
Тој исто така истакна и дека новите машини успешно поминале цел низа тестови. Проверена е дури и нивната способност да издржат ефекти на нуклеарни експлозии. Благодарение на електромоторите за секое тркало на „Платформа-О“, тркалата ја добиваат нужната вртежна сила. Првпат за тегнач од овој вид е употребен специјален дизел-електричен погон. Покрај тоа, отсуството на квачило, менувач, преносник, погонски вратила и диференцијали на шасијата овозможи значително намалување на вкупната маса на возилото.
Се претпоставува дека транзицијата на новата шасија ќе биде во целост остварена во наредните 10 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче