РИА „Новости“: Првиот модернизиран бомбардер Ту-160М го подготвуваат за првото испитување

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND

Првиот модернизиран бомбардер Ту-160М е префрлен на станица за тестирања заради теренски и воздушни тестови, соопшти за РИА „Новости“ претставник на руската воена индустрија.

„На 28 ноември првиот модернизиран стратешки бомбардер Ту-160М е префрлен од производство во станицата за тестирање КАЗ „Горбунов“ заради испитувања на земја и во воздух“, рече соговорникот на агенцијата.

Според него, по тестирањето на земја, Ту-160М ќе премине во фазата на воздушни испитувања.

Претходно беше соопштено дека првиот модернизирани стратешки ракетоносец-бомбардер Ту-160М ќе му биде испорачан на руското Министерство за одбрана до крајот на 2021 година.