Ова за веб-порталот „Интерфакс“ го изјави генералниот директор на „Туполев“ Александар Коњуков. Тој додаде дека испораката е планирана за крајот на 2021 година.
Експертите сметаат дека модернизираниот бомбардер однадвор нема да се разликува многу од базичното летало. Најголемите промени ќе се случат кога станува збор за видот на оружјето што Ту-160М ќе го има во својот арсенал. Исто така, модернизираниот бомбардер ќе ги добие и новите мотори НК-32. Тие ќе му обезбедат зголемување на ефективниот долет, што во однос на оперативното летало Ту-160М ќе биде поголем за илјада километри, пренесува интернет-порталот РГ.
Овој интернет-портал веќе објави текст дека првиот стратешки бомбардер, кој ќе биде направен од нула според модернизираниот проект Ту-160М, ќе влезе во фазата на тестирање до крајот на следната година. Претпоставката е дека на овој начин ќе бидат произведени до десет од овие суперсонични птици.
Ту-160 спаѓа во најголемите авиони во историјата на воената авијација. Тоа е суперсоничен бомбардер кој има променлива геометрија на крилата. Според својата тежина, тој е еден од најтешките авиони во светот. Неговата максимална полетна маса достигнува 275 тони, додека капацитетот на неговиот оддел за бомби во трупот достигнува дури 45 тони убоен товар. За споредба, американските стратешки бомбардери можат да носат во својот труп помеѓу 22,7 тони (B-52) - 34,0 тони (B-1B). B-2 „Spirit“ има капацитет на внатрешните спремници до 27 тони убоен товар. И покрај тоа, Ту-160 може да достигне максимална брзина од 2230 км/ч и да се искачи на висина од 21000 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче