Започна сериското производство на обновениот познат теренец „Лада 4х4“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Автомобилот сега има електрично прилагодливи ретровизори, додека седиштата добија греење и страничен дел.

Обновеното легендарно руско теренско возило „Лада 4х4“ влезе во сериско производство, јавуваат руските медиуми. Според нив, 165 вакви возила се симнуваат секојдневно од производните линии на најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ.

Предвидувањата на списанијата за автомобили дека воланот на новиот теренец би можел да добие воздушно перниче се овистинија. Иако тие засега се склопуваат без странични воздушни перничиња, сигурно ќе се најдат наскоро во сериски произведените обновени „Лада 4х4“.

Во надворешниот изглед речиси и да нема новитети. Сепак, на покривот на автомобилот е поставена антена, а предниот браник има вградени светла за магла.

Посериозни промени доживеа внатрешноста на возилото. Дизајнерите се определија за нова инструмент-табла, а централната конзола е значително поергономска. И стандардното греење е значително подобрено со електричното.

Продажбата се очекува да започне во јануари или февруари следната година. Цената на возилото засега е непозната.

Прочитајте повеќе: Автомобилите „Лада“ ќе се склопуваат со опрема што ќе ја посака купувачот