Првиот пилот на новиот вселенски брод „Орел“ ќе биде роботот „Артјом“

Roscosmos/Global Look Press
Антропоморфниот робот ќе биде првиот пилот на перспективниот транспортен вселенски брод „Орел“ чие лансирање е планирано за 2023 година.

Роботот го доби името „Артјом“. Ова во интервју за агенцијата ТАСС го соопшти Александар Блошенко, извршен директор за перспективни програми и наука во корпорацијата „Роскосмос“.

„Во првите пробни летови на вселенскиот брод „Орел “ за делување во кабината на бродот ќе се користи робот направен на платформата на неговиот претходник „Фјодор“. Шифрата на целната работа ќе биде „Испитувач“. Роботот го доби прелиминарниот назив ARTEM (Automatic Research and TEsting Machine)“, рече Блошенко.

Тој истакна дека „Артјом“ ќе управува со вселенскиот брод, за разлика од „Фјодор“ кој само леташе на бродот „Сојуз МС-14“. Сепак, многу експерти сметаат дека тоа „управување“ ќе биде доста условно. „Да, тој ќе го прави она што сите долго нѐ молеа, т.е. ќе притиска копчиња на контролната табла и ќе извршува одредени активности. Меѓутоа, засега не можам да кажам кој конкретно обем на управување ќе му биде довери на роботот“, истакна извршниот директор на државната корпорација.

Роботот „Фјодор“ го направи Научно-производствената корпорација „Андроидна техника“ заедно со Фондот за перспективни истражувања и беше испратен на Меѓународната вселенска станица (МКС) на 22 август, а се врати на Земјата ноќта спроти 7 септември оваа година. Првиот руски „аватар“ леташе во орбитата во рамките на пробното лансирање на модернизираниот брод „Сојуз МС-14“ и ракетата-носач „Сојуз 2.1а“. Бродот леташе без екипаж.

На МКС „Фјодор“ добро ракуваше со дупчалка и шрафцигер. Тој дури склопи електрична конструкција од делови со поврзување на конекторите и приклучниците. Покрај тоа, им додаваше пешкир на членовите на екипажот. Овој робот има 42 степени на движење на главата, вратот, рамената, лактите, дланките и прстите на рацете. Во бестежинска состојба беше испробувана обидоа претежно поситна моторика.

Со андроидот далечински управуваше космонаутот Александар Скворцов. Тој носеше специјален егзоскелет што му овозможува на аватарот да ги повтори човечките движења. Официјално таквото одело се вика ЗУКТ. Алексеј Овчинин, друг руски космонаут, внимаваше што прави „Фјодор“ и беше задолжен за комуникацијата. „Денес извршивме серија работи со помош на алатки од МКС кои можат да бидат корисни за активности надвор од бродот. Работата со електричната дупчалка беше извршена под постојана контрола на Алексеј Николаевич Овчинин“, гласи еден натпис на „Твитер“ под називот Skybot F-850.

Сè беше строго бележено, бидејќи се работеше за научен експеримент. Овчинин работеше со аватарот 29,5 часа, а Скворцов 28 часа. Сега резултатите се анализираат. Треба да се каже дека „Фјодор“ повеќе нема да лета во вселената, барем не во сегашна форма. Ќе летаат „Фјодоровите деца“, како што претходно се изрази Александар Блошенко.

Еден од нив е „Артјом“.

Првиот лет на „Орел“ без екипаж е планиран за 2023 година. Бродот ќе биде лансиран од космодромот „Восточни“ и овој пат не е предвидено спојување со Меѓународната вселенска станица. Потоа, во 2024 година, „Орел“ ќе лета по втор пат, исто така без екипаж и ќе се спои со МКС.

Планирано е пилотираните летови на новиот вселенски брод да почнат во 2025 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња