ТАСС: Русија до крајот на оваа година ќе изврши ново тестирање на ракетата „Циркон“

Wikipedia
Според извори од безбедносните структури на Северозападниот федерален округ, тестирањето ќе биде реализирано на воен полигон на Северната флота.

Следното тестирање на перспективната хиперсонична противбродска ракета „Циркон“, судејќи според сѐ, ќе се реализира на воен полигон на Северната флота до крајот на оваа година. Ова во петокот на интернет-порталот ТАСС му го пренесе соговорник од безбедносните структури на Северозападниот федерален округ.

„Лансирањето на ракета „Циркон“ ќе биде реализирано во акваторијата на Белото Море до крајот на оваа година. Конкретниот  датум ќе биде одреден кога сè ќе биде подготвено“, рече тој, додавајќи дека во моментов се комплетира специјална понтонска платформа од која ќе се реализира лансирањето на новата ракета.

Од „НПО Машиноградба“ (НПО машиностроения) не ги коментираа овие наводи.

За ракетата „Циркон“

За перспективите на новата хиперсонична противбродска ракета „Циркон“ неодамна зборуваше рускиот претседател Владимир Путин, кој во февруари им се обрати на руските пратеници. Проектот „Циркон“ вклучува изградба на ракета способна да достигне брзина од 9000 км на час на нејзината траекторија на летот, со ефективен дострел поголем од 1000 километри. Основите платформи кои ќе ги имаат овие ракети во своето вооружување ќе бидат површински бродови и јуришните подморници. Според воените експерти, во овој момент не е можно да се соборат овие проектили со помош на познатите средства за противракетна одбрана кои се наоѓаат во вооружувањето на воените бродови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња