Како изгледа новиот електричен мотоцикл „Иж“ од фабриката „Калашников“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Прототипот на новиот електричен мотор „Иж“, дизајниран во фабриката „Калашников“, ќе биде претставен на Форумот за професионална ориентација „Пројекторија“ во Јарослављ.

Ова го соопшти Олег Евтушенко, извршен директор на „Ростех“, кој веќе ги објави првите фотографии од новиот мотоцикл и ги откри неговите карактеристики, пренесува РИА „Новости“.

Прототипот на градскиот електричен мотоцикл Café Racer има автономија на движење до 100 километри. Опремен е со ДЦ мотор без четкички со течно ладење, чија максимална моќност е 50 киловати (речиси 68 коњски сили).

Времето на полнење на акумулаторот е осум часа. Достигнува брзина од 100 километри на час. Може да се користи на температури од нула до плус четириесет.

Засега не е познато кога мотоциклот ќе се најде во продажба.

Прочитајте повеќе: Концернот „Калашников“ наскоро ќе ги израдува руските пилоти и тенкисти