Стари ривали: Средба на Т-80 со американскиот „Абрамс“ на вежби во Јужна Кореја

Global Look Press
На неодамнешните маневри во Јужна Кореја, тенковите Т-80У дејствуваа заедно со американскиот М1А2. На интернет се објавени ретки фотографии и видеа на кои овие борбени возила се наоѓаат едно до друго.

Оваа техника учествуваше во истите борбени формации при увежбување на напад врз симулиран непријател на полигон, пренесува РГ.

Овие два тенка, кои како погон користат мотор со гасна турбина, првпат се сретнаа во февруари 1993 година на саемот IDEX-93 во престолнината на Обединетите Арапски Емирати Абу Даби.

За руските тенкови, ова беше прва јавна демонстрација на нивните уникатни способности за движење. Веднаш по тој меѓународен саем, рускиот тенк го доби прекарот „летечки“. Т-80 јуреше по полигонот со скокови од неколку метри, што ја воодушеви публиката.

Кога американскиот „Абрамс“ се обиде да ги повтори „акробациите“ на омското возило, претрпе неуспех: тенкот се преврте на бок и сврте од патеката.

Следната земја каде што се сретнаа Т-80У и М1А2 беше Шведска. Во 1993 година оваа земја бираше со што да ги замени застарените возила во својата војска. За правото да служат во скандинавската армија, покрај рускиот и американскиот, се натпреваруваа и францускиот „Леклерк“ и германскиот „Леопард-2“. Како што се очекуваше, беше избран германскиот тенк.

Во исто време, претставниците на шведската армија ја истакнаа високата сигурност на рускиот кандидат, неговите маневарски способности, силниот оклоп, можноста за примена на наведувано ракетно оружје. За волја на вистината, тие ја критикуваа недоволната ефикасност на ноќното гаѓање.

Пет години подоцна, рускиот и американскиот тенк учествуваа на грчки тендер, на кој, покрај „Леклерк“ и „Леопард“, се пријавија и англискиот „Челенџер-2“ и украинскиот Т-84.

Според брзината Т-80У беше на чело, достигнувајќи брзина од 80 километри на час за време на марш од 1000 километри.

Т-80 ја надмина конкуренцијата во однос на сигурноста, леснотијата на поправка, едноставноста на управувањето, но беше истакнато дека е потребно да се подобри системот за пренос, системот за контрола на огнот и дека е потребен нов ноќен нишан. Овие недостатоци подоцна беа отстранети.

„Абрамс“ покажа неконзистентни резултати, затоа што при совладувањето на ѕид од еден метар командирот на возилото беше повреден, во различни фази моторот се расипуваше и мораше да биде демонтиран.

При гаѓањето, исто така, не покажа никаква предност во однос на германскиот и францускиот модел. Грчката страна го избра „Леопард-2“.

Јужнокорејската војска започна со набавка на Т-80У во 1996 година. Војската на та а земја до денес високо ги цени извонредните карактеристики на рускиот тенк.

Прочитајте повеќе: „Рат-а-тат-тат“: Американски тенкисти од бригадата Greywolf ја коментираа средбата со руски Т-80У

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња