„Рат-а-тат-тат“: Американски тенкисти од бригадата Greywolf ја коментираа средбата со руски Т-80У

Михаил Воскресенски/Sputnik
Тенкистите на американската оклопна бригада „Грејволф“ ги испитаа борбените способности на основниот борбен тенк Т-80У. Видеото од оваа вежба беше објавено на официјалниот профил на оваа воена формација на социјалната мрежа „Твитер“.

Како што пренесува интернет-порталот РИА „Новости“, воената вежба на која Американците го испробаа познатиот советски/руски тенк е одржана на територијата на Јужна Кореја. Оваа држава во своите вооружени сили има околу 80 оперативни тенкови Т-80 (таква бројна состојба е валидна за 2017 година).

Т-80У претставува основен борбен тенк од семејството Т-80. Вкупната борбена маса на овој тенк достигнува 46 тони. Неговата особеност е дека покрај стандардните гранати од топовската цевка, може да испукува и наведувани ракети „Рефлекс-М“, а исто така има и систем за управување со огнот „Иртиш“.

Овие тенкови влегоа во борбена експлоатација на советската армија во 1985 година. Покрај Русија и Јужна Кореја, во своето  вооружување ги има и Кипар.

Занимливости

Во ерата на Студената војна и трката за вооружување, овој исклучително брз тенк беше конструиран како оружје за прв напад. Затоа сите 4000 тенкови Т-80 беа распоредени на западната граница на Советскиот сојуз, во Источна Германија и Источна Европа. Беше замислено во случај на војна за неколку дена да ја поминат Европа и да стигнат до Ламанш.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња