Црта, сече и послужува: Што уште може рускиот тенк Т-80? (ВИДЕО)

Скриншот

Скриншот

Сајт на телевизија RТ
Основниот руски борбен тенк T-80 ја демонстрираше прецизноста на својот механизам за стабилизација на топот на воениот саем „Армија-2019”.

Тенкот, под услов неговиот екипаж да е доволно вешт, при сечењето овошје покажува вештини на нинџа, додека при цртањето потсетува на слон со челична сурла, пренесува RT.

Овие трикови се изведени во рамките на забавната програма на воениот саем на вооружување „Армија-2019” во близината на Москва. Еден екипаж посада успеа да нацрта мошне добра петокрака, што бара координација меѓу нишанџијата и возачот. Друг тенк со врвот на топот отвори кутија за муниција.

Екипажот на еден тенк користеше нестандарден додаток, мачета која на цевката изгледаше како мал бајонет и со нејзина помош преполови лубеница, диња и јаболко. А друга борбена ѕверка на цевката возеше чаша полна со вода.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња