Ракеташите со ПВО-системи „Тор-М2“ одбија „масовен напад“ на Калининград

Скриншот / телевизиja „Ѕвезда“
За време на ненадејната воена вежба „ракеташите“ успешно ги соборија сите воздушни цели-имитатори лансирани од повеќе различни правци кои притоа летаа на минимални и максимални висини кои се наоѓаат во зоната на уништување на ПВО-системот 9К332 „Тор-М2“.

Батерија современи ракетни ПВО-системи со краток дострел 9К332 „Тор-М2“ во состав на Балтичката флота одби напад на условен непријател во Калининградската област.

„Ракеташите на Балтичката флота со овие средства изведоа форсиран марш на зададена точка, по што ги исполнија сите нормативи во однос на изработката на огнени позиции, транзиција на системот од маршовска во борбена позиција, откривање и „зафаќање“ на воздушни цели“, пренесува интернет-порталот „Ѕвезда“.

Треба да се нагласи дека овој систем може да ги уништува своите цели од стационарна позиција, но и додека е во движење. За време на оваа ненадејна проверка „ракеташите“ успешно ги соборија сите воздушни цели-имитатори лансирани од повеќе различни правци кои притоа летаа на минимални и максимални висини кои се наоѓаат во зоната на уништување на ПВО-системот 9К332 „Тор-М2“. Во оваа вежба учествуваа околу 200 војници со 20 единици борбена техника.

Противвоздухопловниот ракетен комплекс 9К332 „Тор-М2“ е ефикасен против авиони, хеликоптери, беспилотни летала и, особено, против високопрецизни наведувани бомби и ракети. Претставува систем со краток дострел (во далечина 15км/по висина 10км), и е идеален за заштита на оклопно-моторизирани колони во марш или во тек на активни борбени дејствија. За разлика од претходните верзии на овој систем, „Тор-М2“ има 16 ракети (претходните верзии имаа капацитет од 8 ракети). Се одликува со подвижност, кратко време на реакција по забележана цел, автоматизација при гаѓањето, исклучителна ефикасност при уништување на цел спектар воздушни цели, како и висок степен на отпорност на средства за ПеБ (средства за противелектронска борба).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња