Руски „Тор“ првпат соборуваше летечки објекти над архипелагот Нова Земја (ВИДЕО)

MOD Russia/via Globallookpress.com

На архипелагот Нова Земја беа реализирани гаѓања од арктичкиот противвоздухопловен ракетен систем „Тор-М2ДТ“. Шефот на прес-службата на Северната флота на Русија капетан Вадим Серга изјави дека противвоздухопловниот ракетен систем „Тор“ бил пренесен на островите од страна на големиот десантен брод „Кондопога“.

Вежбата е изведена во отежнати метеоролошки услови, сепак „Тор“ ги погодил и метите скриени зад облаците, рече капетан Серга.

Системот „Тор-М2“ е наменет за пресретнување противрадарски и крстосувачки ракети, авиони и хеликоптери, паметни авионски бомби и беспилотни летала во радиус од 12 километри. Работи според командите на операторот, но и целосно автоматски, и отвора оган во движење. Потребни му се 8 секунди да реагира на цел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња