Руски спасувач измисли безбедна свеќа што сама се гаси

Mikhail Yaikov/Global Look Press
Спасувач од Курск, потресен до дното на душата од трагедија во која две деца ги загубија животите во пожар, измисли и патентираше свеќа што самата се гаси.

„Началникот на секторот за судска медицина... Владимир Горбулин измисли безбедна свеќа (што самата се гаси). Принципот на нејзината работа е мошне едноставен: кога правите свеќа, на фитилот се наметнува специјално заштитно цевче од материјал што не гори. Кога свеќата догорува, стигнува до цевчето и се гаси“, се вели во соопштението на Главната управа на Министерството за вонредни состојби (МЧС) во овој регион.

Како што се истакнува, пронаоѓачот на оваа свеќа работи со години во експериментално-пожарната лабораторија на Курската област, каде што ги утврдува причините за пожарите со смртоносен исход. Една таква трагедија се случи во Кореневскиот реон каде две малолетни деца загинаа во пожар, што го потресе припадникот на спасувачката служба до дното на срцето. Имено, се покажа дека во куќата немало струја и дека пожарот го предизвикала токму неизгасната свеќа.

Горбулин имал многу слични примери во својата пракса, што го поттикнало да осмисли свеќа чиј пламен самиот се гаси на одредена висина. А штом еднаш ќе се изгасне, повеќе не може да се запали, бидејќи изолацијата започнува од долниот крај на свеќата, така што се целосно исклучени и обидите да се искористи нејзиниот остаток, се вели во соопштението.

Главната управа на министерството објаснува дека, од економски аспект, производството на свеќи нема да биде поскапо, а воведувањето на оваа промена во производството ќе придонесе да се избегне материјална штета и губење на човечки животи во пожари.

После многу тестирања спасувачот поднесе соодветно барање до Федералната служба за заштита на интелектуалната сопственост и доби патент, соопштува Министерството за вонредни ситуации.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња