Кое е најдоброто руско противпожарно возило?

Некои руски специјални противпожарни возила настанале од некогашни борбени тенкови. Тие порано сееле оган, а денес се борат против него.

Првото руско противпожарно возило што го дизајнирал Пјотр Фрезе требало во борбата со пожарот да замени коњска запрега. Но, само еден примерок ја видел светлината на денот и се појавил на улиците на Санкт Петербург во 1904 година.

Најдоброто противпожарно возило во предреволуциската Русија бил камионот Д-24/40 кој го произвела водечката фабрика за производство на моторни возила во Русија „Русо-Балт“. За време на Втората светска војна овие возила биле претворени во санитарни коли и биле испратени на фронт.

Во првите години по Октомвриската револуција противпожарните служби во Советскиот Сојуз биле во длабока криза. Во целата огромна земја имало само десетина противпожарни возила. Освен тоа, во СССР не останала ниту една фабрика која произведувала противпожарни возила.

Советското раководство започнало да се занимава со решавање на овој проблем во 1926 година се појавиле првите советски противпожарни коли за осум пожарникари. Биле засновани на првиот советски камион АМО-Ф-15.

Подоцна моделите засновани на камионите Јаг-4 и Јаг-10, можеле да носат четири пати повеќе вода од АМО-Ф-15 и имале посада од само четворица пожарникари.

Во 1934 година Советскиот Сојуз го конструирал својот прв оригинален противпожарен камион ЗиС-11 кој не бил заснован на други цивилни модели, ами бил посебно наменет за носење противпожарна опрема. Советските пожарникари го обожавале овој модел поради силниот мотор кој овозможувал истовремено ефикасно користење на четири противпожарни цевки. Едно вакво возило со 12 пожарникари можело самостојно да се избори со пожар од средна големина.

Во педесеттите и во шеесеттите години Советскиот Сојуз почнал да произведува различни типови специјализирани возила за гаснење пожари, како што се аеродромско противпожарно возило за гаснење авиони во пламен или противпожарно извидувачко возило за премин преку радиоактивни и контаминирани терени.

АППТ

Сигурно возило АЦ-40(130)-63Б на база на камионот ЗиЛ-130 беше најпроизведуваното противпожарно возило во СССР (над 1.000 парчиња).

Модерниот руски противпожарен систем познат како Ѓурза (леванска отровница) не само што гаси пожари, ами исто така има и опрема за лесно сечење метал доколку тоа е потребно.

Од педесеттите години на минатиот век Русија освен традиционалните противпожарни возила користи и специјални противпожарни возила направени врз база на борбени тенкови и на оклопни транспортери. Еден од најновите модели на овие специјални противпожарни возила е заснован на тенкот Т-80. Оклопот на неговата кабина ги штити пожарникарите од шрапнели во случај возилото да се користи во запален магацин за муниција.

СПМ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња