Креаторот на познатиот руски теренец „Шерп” Алексеј Гарагашјан го претстави во Москва својот нов проект. Се работи за возилото за сите терени со поголеми димензии AG-20. Возилото долго 4 метри со пневматско-циркуларен систем за потпирање Алексеј го конструираше сам.
Ова амфибиско теренско возило достигнува брзина до 45 километри на час на копно и до 6 километри на час на вода, а може да прими до 11 лица.
Конструкторот, кој го проектираше возилото сакајќи да им овозможи на луѓето „патување без граници”, се надева дека возилото ќе влезе во сериско производство.