Веќе пишувавме за „Шерп“, но ова теренско возило е толку невообичаено што никогаш не е доволно да пишувате или да зборувате за него. Се добива впечаток дека не постојат пречки за него. Пневматиците со димензии од 1,6 метри (66 инчи) можат да се користат под притисок од само 0,2 бари, што значи дека притисокот врз подлогата не е многу голем. Но, и покрај толку нискиот притисок во гумите, клиренсот изнесува цели 60 см.
Теренецот„Шерп“ е изграден во дух типичен за Русите. Многу е едноставен и навистина огромен. Сосем доволен му е јапонски 1.4-литарски дизел мотор со 44 КС. Механичкиот менувач со пет брзини е исто така многу едноставен, а преносот му е ланчен. Максималната брзина му е 40 км/ч, но кому му треба побрзо возење низ шумските беспаќа?
Малиот дизел мотор е многу економичен, а огромните резервоари овозможуваат долготрајно возење без дополнување гориво. На пример, ако возите по 12 часа дневно, ќе имате доволно гориво за 12 дена. Со моторот е поврзан моќен воздушен компресор кој може да ги напумпа сите четири гуми за 30 секунди.
Во кабината се влегува низ предното ветробранско стакло. Напред се местата за возачот и за совозачот, а назад е просторот за товар или за две дополнителни седишта. Според конструкторите, „Шерп“ може да носи еден тон товар на копно и низ вода.
Големи тркала имаат патентиран систем за контрола на притисокот. И со низок притисок во гумите „Шерп“ може да се движи по секоја површина. „Веслата“ на конструкцијата му овозможуваат да се движи низ вода. Возилото е тешко само 1,3 тони, така што за пловидба му е доволно да има воздух во гумите и херметички да се затвори кабината. Со „Шерп“ се управува како со тенк. Овој теренец се врти околу својата оска така што се закочат двете тркала од една страна. Тоа значи дека за свртување не му е потребен дополнителен простор.
Има уште еден детаљ кој можеби да паѓа веднаш во очи. Генерално, сите механизми и електронски делови може да се дофатат од кабината. Тоа значи дека возачот без да излегува од возилото може да поправи евентуален дефект доколку се најде во море или мочуриште.
Во „Шерп“ се возеше и Мет Фарах, американски видео-блогер и новинар кој се занимава со темата автомобили. Тој напиша статија за тоа и ја објави во списанието Road & Track. Фарах вели дека „Шерп“ е неверојатно сигурен. Моторот работи беспрекорно, сите површини се отпорни на вода а гумите ниту еднаш не се дупнале. Возилото е практично невозможно да се расипе, иако еден купувач сепак успеал да ја оштети осовината што ја обезбедува трансмисијата.
Во САД „Шерп“ чини 119999 долари (околу седум и пол милиони рубли), што е, се разбира, поскапо. Но, во споредба со другите висококвалитетни теренски возила, тоа е всушност евтино, додека според останатите параметри, ниедно теренско возило не може да се мери со „Шерп“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче