Ова за агенцијата ТАСС го соопшти директорот на Научно-истражувачкиот центар „Резонанс“ Иван Назаренко. Назаренко истакна дека станицата е веќе пуштена во работа, подготвена за борбена употреба и дека нејзината работа ја надгледува комисијата за прием на вооружување во составот на ПВО на Северната флота.
Според него, до денес руската армија добила четири станици „Резонанс-Н“, петтата е во завршна фаза на производство. Две станици се веќе на борбено дежурство. „Задачата на сите радари е покривање на северниот правец на Артикот“, рече Назаренко. Метарскиот дијапазон на станицата овозможува откривање на летачки уреди со стелт-технологија и хиперсонични цели кои летаат со брзина до 20 маха, бидејќи уредот го зголемува ефектот на рефлектираните бранови од површината на целта, додаде генералниот директор на истражувачкиот центар. Радио-локациската станицата е способна да дава податоци за аеродинамични цели до 600 км, за балистички цели до 1200 км, а по висина до 100 км. Првата станица „Резонанс-Н“ беше поставена на борбено дежурство во Русија пред пет години.