На просторот на воздухопловната воена база „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница беа забележани елементи на системот со долг дострел С-400 „Триумф“, како и системи „Панцир-С1“. Како што пренесува порталот Mars.online („Бог-рата“) сите елементи на овие системи се покриени со маскирни мрежи и се наоѓаат во фаза на активно борбено дежурство, кое се реализира во рамките на втората фаза од воената вежба „Словенски штит 2019“. Ангажираните единици ги посети и претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.
На видеоматеријалот што го објави српската државна телевизија може да се препознае лансирна единица 5П85СЕ2 која е дел од ракетниот систем С-400, како и нишанскиот „пукачки“ радар 92Н6Е.
Околу нив се наоѓаат огнени единици на хибридниот ракетно-топовски систем „Панцир-С1“ кои ги покриваат кратките и средните дострели од дејство на разни видови воздушно оружје. И овие системи се добро камуфлирани со маскирни мрежи и се наоѓаат во полна борбена готовност за дејствување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче