Објавена карта на зоната на ефективното покривање на ракетниот систем С-400 „Триумф“ во Србија

Според пишувањето на голем број руски медиуми, вклучувајќи ја и изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека дивизион на сигурно најдобриот ПВО-систем на светот С-400 „Триумф“ пристигна во Србија, се појави и карта на неговата ефективна зона на покривање.

За време на воената вежба „Словенски штит-2019“ во Србија ќе бидат распоредени елементи на ракетниот систем С-400 „Триумф“ со долг дострел. Точната локација на која ќе бидат распоредени овие системи засега не е позната, пишува порталот „Бог-рата“, иако засега е познато дека заедничката воена вежба ќе се реализира на подрачјето на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ на Батајница и на полигонот „Пасуљанске ливаде“.

Доколку овие системи бидат распоредени на позициите на директната одбрана на градот Белград (250 ракетна бригада на ПВО на Војската на Србија), прикажана е карта на зоната на нивното ефективно покривање. Имено, овие системи имаат способност да погодат аеродинамична цел на растојание и до 400 км. Ова му го овозможува исклучително потентната ракета 40Н6Е која е незаменлива во класата на врвните ПВО-системи.

За време на воената вежба „Словенски штит 2019“ со дивизионот на ракетниот систем С-400 ќе биде оствари ефективна контрола на воздушниот простор над цела Србија со цело Косово и Метохија, вклучувајќи ја и Република Српска. Бидејќи станува збор за одбранбено средство од стратешки формат, во хипотетичка агресија на Република Србија С-400 е во состојба целосно да ги затвори воздушните коридори што се наоѓаат над поголемиот дел од Балканскиот Полуостров.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици.

Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

Вежбата „Словенски штит 2019“ ќе се реализира на подрачјето на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ на Батајница и на полигонот „Пасуљанске ливаде“ со ангажирање и на останатите единици од составот на Военото воздухопловство и противвоздухопловната одбрана на Војската на Србија. Освен тоа, на вежбата ќе се користат и ракетни системи за ПВО од составот на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња