Александар Вучиќ: Србија нарача од Русија систем „Панцир-С“

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Претседателот на Србија Александар Вучиќ соопшти дека ќе го погледне овој систем на 26 октомври.

Србија го нарача системот „Панцир-С“ од Русија, а српскиот претседател ќе го погледне на 26-ти октомври. Ова во четвртокот им го соопшти на новинарите претседателот на Србија Александар Вучиќ при дочекот на првиот товарен воз од Кина до Белград.

„С-400 е во нашата земја поради воена вежба. Утре ќе одам непосредно да го разгледам С-400. А „Панцир-С“ ќе го погледнам во сабота, го нарачавме“, им изјави Вучиќ на новинарите, а видеоснимката од разговорот ја објавува „Танјуг“.

Министерството за одбрана на РФ претходно соопшти дека дивизион на противвоздухопловниот ракетен систем С-400 и батерија системи „Панцир-С“ на Вооружените сили на Руската Федерација биле префрлени во Србија каде првпат ќе учествуваат во воена вежба на територијата на странска земја. Министерството прецизираше дека руско-српските маневри на единиците за ПВО „Словенски штит 2019“ се изведуваат првпат и се состојат од две фази. Првата фаза беше изведена во септември на полигонот на Центарот за борбена обука и борбена примена на Воздушно-космичките сили на РФ во Астрахањската област. Втората фаза се изведува од 23 до 29 октомври во Србија.

Српското Министерство за одбрана соопшти дека воената вежба се изведува на два полигона и дека во рамките на маневрите се планирани „многубројни гаѓања“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња