„Панцир-С“ и С-400 првпат на вежби надвор од Русија и тоа на Балканот

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Дивизион С-400 и батерија „Панцир С“ се префрлени во Србија каде за прв пат ќе учествуваат во воени вежби во странство, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.

„Руските единици за противвоздушна одбрана со противавионски ракетни системи С-400 и противракетни системи „Панцир С“ се префрлени со воен транспортен авиони на територијата на Србија“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија, пренесуваат руските медиуми.

Системите ќе учествуваат во втората фаза на заедничките воени вежби „Словенски штит 2019“. Ова е прв пат дивизион С-400 и систем „Панцир С“ да учествуваат во воени вежби на територијата на странска држава, велат во Министерството за одбрана на РФ.

Заедничката тактичка вежба со боево гаѓање од страна на ракетните единици на  противвоздушна одбрана на вооружените сили на ПВО на Војската на Србија и Воздушно-космичките сили на Руската Федерација „Словенски штит 2019“ се одржува на територијата на Република Србија.

Како што соопштило Министерството за одбрана на Србија, вежбата ќе биде реализирана на подрачјето на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ на Батајница и на полигонот „Пасуљанске ливаде“ со ангажирање и на останатите единици од составот на Военото воздухопловство и противвоздухопловната одбрана на Војската на Србија.

Освен ракетните системи за ПВО кои се во составот на Војската на Србија, во вежбата ќе се користат и ракетни системи за ПВО од составот на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња