На руските „тигри“ им годи африканската клима

Борбени возила „Тигар“

Борбени возила „Тигар“

Петар Коваљов/TASS
Воено-техничката соработка на Русија со африканските земји оствари значителен напредок во текот на изминатата деценија. Според податоците што ги изнесува Стокхолмскиот меѓународен институт за проучување на мирот (SIPRI), од вкупната количина оружје што го купуваат земјите јужно од Сахара, една третина е руско вооружување.

Од државната компанија „Рособоронекспорт“ истакнуваат дека на Црниот континент најмногу се бараат копнени и воздушни средства за транспорт на специјални единици и нивната опрема. Конкретно, во прашање се оклопните транспортери БТР-80А и БТР-82А, борбените возила на пешадијата и борбените возила „Тигар“, како и транспортно-борбениот хеликоптер Ми-35М и военотранспортни хеликоптери од типот на Ми-17.

Како и досега, и денес постои голем интерес за руското стрелечко оружје и средствата за блиска борба, како и за вооружувањето и опремата на специјалните единици, за несмртоносното оружје и специјалните технички средства. Најголеми увозници на руско оружје на ова подрачје се Алжир, Ангола, Египет, Судан и Уганда.

Русија во овие земји извезува како постојно оружје (од арсеналот на својата армија), така и ново, направено по нарачка.

Официјалните претставници на „Рособоронекспорт“ во повеќе наврати истакнуваа дека Африка е еден од приоритетните и перспективни руски пазари. Економските можности на различни африкански земји силно варираат, но оваа државна компанија интензивно соработува со сите партнери на Црниот континент.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња