Т-90МС
РособоронекспортСајтот „Дифенс Арабик“ (Defence Arabic) соопшти на 13 октомври 2019 година дека Египет треба да ги замени застарените тенкови Т-55 и Т-62 од советско производство со нови машини, но не планира да купи американски „Абрамс “ М1, иако веќе ги има во арсеналот, туку руски Т-90МС. Египетските власти ја донесоа оваа одлука од неколку причини. Прво, според египетските воени експерти, рускиот тенк е поуниверзален, додека „Абрамс“ првенствено е насочен кон борба против други тенкови. Второ, се покажа дека американските тенкови се премногу гломазни и тешки за примена на пустински терен. И трето, важен фактор во донесувањето на одлуката беа парите. Египќаните своевремено ги добија „Абрамсите“ во рамките на американската помош, а сега би требало да ги надградат, но тоа веќе мораат да го сторат на свој трошок.
M1 Abrams
Global Look PressМеѓутоа, се покажа, излегува дека тоа е многу скапо и дека е попаметно да се купи Т-90МС. Имено, рускиот тенк целосно одговара на современите стандарди, а дупката во буџетот ќе биде многу помала.
Т-90МС е извозна варијанта на основниот тенк Т-90. Главната разлика помеѓу тенковите со ознаката МС и претходните верзии е подобрата заштита на куполата. Таа има повеќеслоен оклоп, а механизмот за уфрлување на проектилот во цевката се наоѓа надвор од борбеното одделение. За жал, никој досега не го купи Т-90МС. Индија веќе неколку години преговара за купување на овој тенк, но али во стилот вообичаен за Индусите: „чекор напред - чекор назад“, така што Египќаните најверојатно ќе бидат првите купувачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче