Авион-ловец МиГ-29 што се наоѓа во состав на алжирското воено воздухопловсто, за време на воена вежба изведе прелет на екстремно мала висина од само неколку метри. Сето тоа го забележа камера која го претстави ова многу интензивно доживување во вид на видеоклип на социјалната мрежа „Фејсбук“.
На снимката многу јасно се гледа како авионот прелетува буквално над главите на луѓето кои се наоѓаат на пистата. Најверојатно целата снимка е направена во воздухопловната база Мешерија во Алжир. Во описот на ова видео може да се прочита дека со ловецот управувал домашен пилот. Точниот датум кога е направена оваа снимка е непознат, пренесува интернет-порталот „Лента.ру”.
Facebook страница Борбени Ефективи
На почетокот на октомври оваа година се појавија информации дека Аргентина ги запрела преговорите за набавка на ловци МиГ-29 сè додека не се одржат претседателските избори во оваа важна латиноамериканска земја. По завршувањето на изборниот процес, преговорите можат да бидат обновени, по што наскоро може да се појават конкретни детали за евентуалната зделка.
МиГ-29 е лесен тактички повеќенаменски ловец од четвртата генерација, произведен и воведен во експлоатација за време на СССР, поточно во 1983 година. Неговите разни модификации, вклучително и оние со извозен карактер, се наоѓаат во вооружувањето на руската армија, но исто така и на голем број земји. Аеродинамично, тоа е ефикасен авион со големи можности кога станува збор за понатамошна модернизација. Според информациите што доаѓаат од отворени извори, алжирската армија има повеќе од 20 ловци МиГ-29 во својот состав.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче