Кои авиони победија во Виетнам: Советските „балалајки“ МиГ-21 или американските „фантоми“ Ф-4

U.S.Air Force/Wikimedia.org
Воените историчари сè уште се расправаат за тоа кој победи во воздушната битка во Виетнам пред 40 години: тешко вооружените гломазни „фантоми“ или малите и брзи МиГ-ови со извонредни маневарски способности.

Двоседот Ф-4 беше тежок скоро 19 тони, со должина од 20 метри и распон на крилата од 12 метри. МиГ-21 е тежок 10 тони, со распон на крилата од 8 метри и во споредба со „фантомот“ беше како мало дете. Но, какво дете! Со неверојатни маневарски способности и речиси незабележлив - тенката силуета на ловецот се губеше во воздушен бој. Миг-21 беше страшен противник на „фантомот“, пишува „Национален интерес“.

И Ф-4 имаше свои предности: двајца пилоти кои истовремено ја следеа ситуацијата, маневрираа и управуваа со оружјето. Стандардното вооружување на Ф-4 беше 6-8 ракети „воздух-воздух“ AIM-7 Sparrow или AIM-9 Sidewinder. МиГ-от носеше само две ракети АА-2, но имаше 23-мм топ кој се покажа како неверојатно корисно средство во блиска борба. Толку корисно што по војната во Виетнам Американците ги вооружија своите „фантоми“ со шестцевниот топ „Вулкан“.

Вообичаената тактика на МиГ-овите беше да ги нападнат ескадрилите американски бомбардери придружувани од ловци од небото. Користејќи ја предноста во брзината, МиГ-овите пикираа низ американскиот строј и го гаѓаа непријателот, а потоа се свртуваа, го разбиваа американскиот строј и почнуваа борби еден на еден. Ф-4 беше лесен за забележување затоа што беше гломазен, а неговите мотори оставаа траги од чад, пишува „Национален Интерес“

На МиГ-21 во НАТО му беше даден називот „fishbеd“ (геолошки слој богат со фосилни остатоци на риби) кој тешко може да се објасни. Советските пилоти овој авион-ловец го нарекоа „балалајка“ поради неговото триаголно крило. А покрај него, многу успешен во Виетнам беше и неговиот претходник - МиГ-19, познат и како „ловец на фантоми“.

Прочитајте повеќе: Западните медиуми ги споредија советскиот МиГ-21 и американскиот F-22

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња