Западните медиуми ги споредија советскиот МиГ-21 и американскиот F-22

Александар Моклецов/Sputnik
Советскиот ловец МиГ-21 во одредени околности може да има предност во однос на посовремениот американски ловец F-22 Raptor.

Експертите на списанието Мilitary Watch Magazine  го карактеризираат МиГ-21 како лесен, евтин и стар авион, а F-22 како скап, тежок и нов, но комплициран. Се наведува дека првобитната количина на нарачани американски ловци е редуцирана за 75%, поради скапото техничко одржување и експлоатација.

„Висока е цената на борбените карактеристики на F-22 затоа што се потребни стотици милиони долари за да се купи и сервисира. Овој ловечки авион според спојот на прецизноста и суптилноста често се споредува со скалпел. F-22 е прецизен инструмент на кој армијата може да се потпре доколку правилно се ракува со него. Но, тој поголемиот дел од времето сепак го поминува на земјата“, пишува во написот што го објави Мilitary Watch Magazine.

На земја ловецот е лесен плен. Во време на војна, од најголема важност е да се сведе на минимум престојот на авионот на земја. Меѓутоа, ловецот F-22 лесно се расипува и му треба долго време за да се сервисира.

Од друга страна, МиГ-21 се споредува со едноставен но ефикасен чекан. Оваа машина е многу сигурна, може да изведе голем број летови во текот на денот со минимално опслужување.

F-22 е чувствителен на дожд и други неповолни климатски услови и му е потребна идеална писта, а МиГ-21 функционира во сите услови и може да се испрати во борбени акции 20 пати почесто отколку F-22.

Како пример се наведува војната во Сирија, каде што се покажа дека едноставниот МиГ-21 дури е и покорисен од помодерните авиони.

F-22 „Raptor“

„F-22 може да биде и 100 пати поскап од МиГ-от, но во оваа ситуација тој ќе дејствува многу полошо и веројатно ќе остане на земја неколку недели поради недостаток на резервни делови. Сложените ловци како што е Raptor можат да бидат неповолна варијанта во случај на поголема и подолготрајна војна“, се вели во публикацијата.

Треба да се истакне дека МиГ-21 беше применет во февруари во индиско-пакистанскиот конфликт. Како што беше соопштено, на пилотот на овој ловец му пошло од рака да собори американски F-16.

Прочитајте повеќе за Десетте најдобри недофатливи „МиГ-ови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња