Со апаратот се одржува постојана врска, соопшти одделението за информирање и медиуми на Министерството за одбрана на Русија, пренесува весникот „Росијскаја газета“.
Во четвртокот, 26 септември 2019 година, во 10:46 часот од државниот истражувачки космодром Плесек во Архангелската областа, беше лансирана е ракета-носач од средна класа „Сојуз-2.1Б“ со вселенски апарат за воена намена. Сателитот пристигна во планираната орбита.
Како што додава одделението за информирање и медиуми на руското Министерство за одбрана, системите на вселенскиот апарат функционираат нормално. Апаратот ја носи ознаката „Космос-2541“.
Тестирањата на ракетата–носач од серијата „Сојуз-2“ почнаа во Плесецк во ноември 2004 година. За тоа време се лансирани 40 ракети „Сојуз-2“ од фазите на модернизација 1а, 1б и 1в. Во 2019 година ова е веќе четврто лансирање на ракета–носач „Сојуз-2“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче