Мадона со „Калашников“ на концерт 2012 година во Израел. Таа на публиката ѝ рече: „Ако тука на Блискиот исток владее мир, може да има мир во целиот свет“.
Reuters„Калашников“ е симбол на револуцијата што дури и највлијателните личности, како што е Мадона, со задоволство сакаат да го искористат во градењето на својот имиџ или во своите настапи. Оваа пушка стана составен дел на поп-културата поради една посебна причина.
Пирс Броснан со „Калашников“ како Џејмс Бонд во филмот „Златно око”.
Getty ImagesНа почетокот на 40-тите години на минатиот век беше создадена нова класа мало оружје: јуришните пушки. Најпрви се појавија во рацете на нацистичките војници, а потоа го освоија и светското производство на оружје. И Советскиот Сојуз не беше исклучок во усвојувањето на ова ново, ефикасно оружје.
Кубанскиот претседател Фидел Кастро држи „Калашников“ како симбол на бунт на годишнината од револуцијата во 2001 година.
Getty ImagesНеколку години подоцна, во СССР беше произведена првата јуришна пушка АК-47, со уникатна рамка за куршуми во средината. Во новата надградена верзија производителите го зголемија потенцијалот на оружјето и од „Калашников“ направија една од најмоќните автоматски пушки во тоа време.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко тестира „Калашников“ во фабрика во Минск во 2001 година.
ReutersНовиот АК-47 овозможи рафална стрелба и погодоци на растојание до 200 метри со моќните куршуми калибар 7,62х39 мм, кои можеа да продрат во ѕид од цигла.
Претседателот на Венецуела Хуго Чавез со АК-103 на Саемот на оружје во Каракас во 2006 година.
ReutersСепак, оваа нова советска автоматска пушка мораше да претрпи уште бројн модификации за да стане едно од најраспространетите оружја во светот. Нејзиниот главен проблем во раните фази на производството беше прецизноста на гаѓањето, односно нејзиниот целосен недостаток.
Актерот Стивен Сигал испробува „Калашников“ на саемот на воена опрема во Русија во 2006 година .
Рамиљ Ситдиков /SputnikСо помош на заробените германски инженери од фабриката „Шмајзер“ за време на Втората светска војна, Москва успеа да го отстрани овој недостаток и да произведе една од најсигурните пушки кога било направени. Таа можеше да издржи песок, прашина и вода и пука во сите временски услови, што не може да се пофали голем број пушки (и оружја воопшто).
Кошаркарската ѕвезда Андреј Кириленко со „Калашников“ на снимањето за неговиот нов тим.
Иља Питалев/SputnikОваа сигурност, заедно со едноставноста на производството, беше тајната на глобалниот успех на „Калашников“.
Рускиот претседател Владимир Путин тестира АК-74 на саем на оружје во Русија.
APДенес во светот има околу 100 милиони официјално произведени „Калашникови“. А веројатно има уште повеќе негови копии во земјите од третиот свет. Копии често може да се видат во рацете на таканаречените борци за слобода или партизаните.
Михаил Калашников
APПокрај тоа, „Калашниковите“ се поевтини од директната конкуренција. На пример, основниот модел АК-47 чини околу 300-500 долари, додека за пушката АР-15 треба да се издвои најмалку 1000 американски долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче