Руските ПВО-системи С-400 испорачани на Турција ќе ги направат ловците F-35 многу „транспарентни“

Слободан Ѓукиќ
Руските ракетни ПВО-системи С-400 „Триумф“ испорачани на Република Турција имаат способност целосно да ја раскринкаат наводната „невидливост“ на американските ловци F-35, наведува руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека Калининградската област е многу сигурно заштитена од сите форми на агресија. Во соопштението се истакнува дека со способностите на руските ПВО-системи распоредени таму „добро се запознаени сите пилоти на НАТО кои ѝ се приближуваат на руската граница од Балтичкото Море“, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

„Ова во полна мера се однесува и на тнт. „невидливи“ ловци од петтата генерација кои можеби ги имаат овие карактеристики кога таква приказна им се пласира на американските даночни обврзници или странските купувачи. Тензиите на Пентагон по повод најверојатното раскринкување на ловците F-35 со испорака на системот С-400 на Република Турција не се без основа“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана што го пренесе интернет-порталот „Взгљад“.

Неодамна беше соопштено дека испорачаните системи С-400 „Триумф“ ќе бидат целосно подготвени за употреба во ПВО-единиците на турската армија до јуни следната година.

Пред неколку дена на аеродромот Мјуртед во Анкара беше реализирана испораката на втората батерија руски ПВО-системи С-400 „Триумф“.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња