„Овие модели сe важни заради стекнување навики кај ангажираниот персонал. За такво нешто е потребно да се набават реплики кои според својот изглед најмногу личат на овие системи“, ги пренесува зборовите на американскиот сајт рускиот интернет-портал ТАСС.
Како што пренесува сајтот „Бог-рата“, официјалното барање за купување на овие модели ќе биде доставено кон крајот на септември. Меѓутоа, оваа постапка судејќи според сѐ ќе биде забрзана.
Претпоставката е дека моделите ќе имаат слични карактеристики со оригиналниот систем. Тоа пред сѐ се однесува на карактеристиките на радарот, а во идеален случај ќе има и соодветни оптоелектронски и инфрацрвени уреди, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
С-300 ПМУ-2 го здогледа светлото на денот 1997 година. Претставува универзален самооден повеќеканален ракетен систем, кој е наменет за одбрана на најважните државни и воени објекти и позиции од масовен удар на современи и перспективни авиони, стратешки крстосувачки ракети, тактички и оперативно-тактички балистички ракети и други средства на воздушно оружје, во сите дијапазони и при сите брзини на нивниот лет. Системот ефикасно дејствува при интензивно противелектронско дејство кое создава активни и пасивни пречки.
Пред два дена Турција најави дополнително купување на ПВО-системи со голем дострел С-400, што е за САД апсолутно неприфатливо нешто. Неодамна претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за време на говорот по повод одбележувањето на тригодишнината од неуспешниот државен удар рече дека рускиот С-400 „Триумф“ е најдобар ПВО-систем на светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче