С-400 „Триумф“
Михаил Мокрушин/РИА НовостиВо објавата на оваа компанија на Твитер се истакнува дека турската армија делумно веќе го распоредила ракетно-зенитниот систем С-400. Радарите се веќе поставени и подготвени, иако лансерите сѐ уште не се наполнети.
Веројатно турската војска се подготвува да ги тестира системите С-400 пред да ги распореди секаде каде што планирала, истакнуваат стручњаците.
#Breaking: for the #first time observed, the recently arrived from #Russia to #Turkey#S400 is in operational mode and deployed in #Ankara.#ISI#IMINT#VISINT#intelligencepic.twitter.com/YqNyym6FO7
— ImageSat Intl. (@ImageSatIntl) September 3, 2019
Претходно САД бараа Турција да се откаже од купувањето на С-400 и наместо тоа да ги купи американските системи „Патриот“. Анкара го одби тоа барање, по што Американците соопштија дека Турција веќе не учествува во програмата Ф-35.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го карактеризира С-400 како најмоќниот одбранбен систем на светот.
Претходно шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција е подготвена да купи дополнителен контингент С-400 од Русија, доколку САД не ѝ продадат системи „Патриот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче