Првата батерија системи С-400 „Триумф“ денеска пристигнува во Анкара

marsonline
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека испораката на руските противвоздушни системи С-400 „Триумф“ започнала денес, 12 јули 2019 година.

Како што пренесува порталот Marsonline, првите компоненти на противвоздушниот систем С-400 „Триумф“ денеска ќе бидат доставени во турска воена база што се наоѓа во близина на Анкара.

Неодамна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека не очекува доцнење кога е во прашање испораката на руските ПВО-системи, пренесува порталот РТ.

САД остро се спротивставија на испораката на руските ПВО-системи на оваа држава, која се наоѓа во рамките на НАТО. Државни секретар на САД Мајк Помпео пред дваесетина денови изјави дека Вашингтон ги разгледува сите варијанти на санкции против Турција доколку дојде до реализација на испораката на системите С-400.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња