Претседателот на Русија Владимир Путин денеска го посети полигонот Донгуз во Оренбуршката област, каде што се изведува активната фаза на стратешката командно-штапска вежба „Центар-2019“ (рус.“Центр-2019“), пренесува инернет-порталот „Взгљад“.
Во таа пригода претседателот на Русија ќе се сретне со претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков. Тие заедно ќе го обиколат приказот на вооружувањето и воената техника, ќе извршат инспекција на ангажираните трупи и ќе одржат билатерални преговори.
Претходно руското Министерство за одбрана објави видеоснимка од која се гледа дејство на оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер-М“ врз критично важни позиции на условниот непријател. Ракетните екипажи со својата техника од подрачјето на Урал беа распоредени во Казахстан, каде што реализираа боево гаѓање по цел оддалечена неколку стотици километри.
Притоа квазибалистичка ракета 9М723 прецизно ја погоди својата мета и успешно ја уништи зададената цел.
Во стратешките командно-штапски вежби обединети под името „Центар-2019“ учествуваат околу 130000 војници со повеќе од 20000 единици разновидна борбена техника, околу 600 борбени и транспортни летала, до 15 борбени и помошни бродови.
Главните активности во рамките на оваа вежба од стратешки формат се спроведуваат на воените полигони Тоцкој, Донгуз, Аданак, Чебаркулск, Јургински, Алејски, Ашулук, Сакафулево, како и во акваторијата на Каспиското Море.
Во рамките на стратешката командно-штапска вежба „Центар-2019“ учествуваат вооружените сили на Русија, Кина, Индија, Пакистан, Киргистан, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче