Руските космонаути се подготвуваат да печатат зајачко месо на Меѓународната вселенска станица

Reuters
Мускулни клетки на зајак, крава и риба ќе бидат отпечатени кон крајот на овој месец на рускиот 3Д-биопринтер на Меѓународната вселенска станица.

Претходно управувачкиот партнер на компанијата 3D Bioprinting Solutions Јусеф Хесуани изјави за руските медиуми дека за време на еден од експериментите на биопринтерот ќе бидат отпечатени и мускулните ткива на крава, сина туна и лосос.

„Во следниот експеримент планираме да отпечатиме клетки на зајак, крава и риба“, рече Хесуани, наведувајќи дека во овој момент се подготвуваат клетки на три вида риба, од кои едната ќе биде доставена на МКС.

Сите резултати добиени во експериментот ќе бидат доставени на Земјата за проучување.

Хесуани рече дека специјални касети со примероци за тродимензионално печатење ќе бидат испратени на МКС со првиот брод со екипаж „Сојуз МС-15, чие лансирање е предвидено за 25 септември.

Како што наведе тој, експериментот ќе биде спроведен „буквално веднаш штом бродот ќе се припои со станицата“.

И претходно сите експерименти со биопринтер беа извршувани веднаш по доставата на касетата на станицата.

Во овој момент биопринтерот работи во експериментален режим. Добиените примероци се со помали димензии. Космонаутите досега отпечатија клетки на човечка 'рскавица, тироидна жлезда на глушец, примероци на коскено ткиво и протеински кристали. Проектот се спроведува со поддршка на Обединетата ракетно-космичка корпорација.

Прочитајте повеќе: Дали првото бебе родено во вселената ќе биде руски државјанин?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња