Дали првото бебе родено во вселената ќе биде руски државјанин?

Getty Images
За успех на првиот таков експеримент во светот би помогнале иновативните истражувања на руските научници во сферата на вселенската медицина, веруваат стручњаците.

Руските научници се подготвени да постават сериозна задача пред себе и да спроведат експеримент за раѓање на првиот човек во вселената. Ова за руските медиуми го изјави раководителот на Лабораторијата за биофизика на клетката при Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките Ирина Огнева.

„Ние бевме секогаш први во вселената и во многу работи во таа сфера и ден-денес сме први, затоа би сакале првиот човек роден во вселената да биде руски државјанин. Најверојатно е сѐ уште рано конкретното поставување таква задача, но би можело да се формулира во вид на цел“, рече Огнева.

Доколку стручњаците би имале таква задача, главната цел која би си ја поставиле не би била само раѓање на дете, ниту некаков патриотски популизам, туку тоа да биде здраво. Како што објасни таа, би можело слободно да се смета на успешност на експериментот, со оглед на предноста и досегашните резултати на руските експерти постигнати во многу истражувања и насоки на вселенската медицина.

Како една од клучните причини зошто експериментите со раѓање на децата во вселената досега не се спроведувани е етичкото прашање. Како што наведе таа „експериментот со раѓање на кој било цицач во вселената од аспект на науката не е неспроведлив“. Меѓутоа, тука би станувало збор за експеримент со човечки ембриони, истакнува рускиот научник.

Огнева не можеше да одговори на прашањето колку време би било потребно за да се подготви таков експеримент.

Таа, исто така, ги демантираше гласините за обидите на советските и руските власти да спроведат експерименти во врска со зачнување во космосот.

„ Руските и советските стручњаци, очигледно, немаа такви можности. А американските експерти се многу претпазливи и тешко дека би се одлучиле за такво „борбено извидување“, рече Ирина Огнева.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња