Воени вежби: Руската морнарица го разбива непријателот на арктички остров (ВИДЕО)

Министерство за одбрана на Руската Федерација
Воената морнарица на Северната флота објави импресивна видеоснимка од десант на арктички остров и борба против диверзантските сили на непријателот.

Вежбите се одржаа на островот Болшевик на Архипелагот Нова Земја. На копното, кое сè уште е покриено од ланскиот мраз, му пријдоа големите десантни бродови „Александар Отраковски“ и „Кондопога“. Сепак, први излегоа од морето припадниците на специјалната нуркачка единица кои на командата на противбродскиот „Вицеадмирал Кулаков“ ѝ ги пренесоа точните координати на базата на непријателот за да можат 100-милиметарските топови веднаш да отворат оган.

Потоа беше извршен десант со хеликоптери, а на островот истовремено му се приближија„Александар Отраковски“ и „Кондопога“ од кои се истоварија оклопни возила БТР-82А.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња