На маневрите „Центар-2019“ уништена ракета во стратосферата

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Од полигонот Ашулук со средства за ПВО беше уништена ракета која како мета леташе на висина од 35 километри. Во одбивањето на нападот на условниот непријател на воената вежба „Центар-2019“, беше изведено откривање и пресретнување на повеќе од 80 воздушни цели.

Воздушни цели имитираа јуришни беспилотни летала, балистички и крстосувачки ракети, како и авиони и хеликоптери.

„Тоа се мошне сложени цели кои летаа на висина од 50 до 100 метри. На пример, крстосувачка ракета лета со брзина од 250-300 метри во секунда, а нашите мети развиваа брзина од 550 метри во секунда. Покрај тоа, имавме и комплексна балистичка цел што леташе на висина од 35 километри по балистичка траекторија“, нагласи генерал-потполковник Јуриј Грехов, заменик-командант на Воздушно-космичките сили на Русија.

Групата на противвоздухопловната одбрана во Астрахањската област ја сочинуваа ракетни системи С-400 „Триумф“, С-300 „Фаворит“ и С-300П „Волхов М6“, како и преносен противвоздушен ракетен систем „Панцир-С“.

Противвоздухопловната одбрана ја покриваа ловци МиГ-31, Су-27 и Су-35С. Покрај тоа, беа поставени и модерните радари „Небо-М“, „Каста“ и „Подљот“. Во маневрите учествуваа повеќе од 500 војници со 150 парчиња вооружување и техника.