Актуелно: Руски ловец Су-35 од генерацијата 4++ слета на истанбулскиот аеродром „Ататурк“

Wikipedia
Руски повеќенаменски авион-ловец Су-35 од 4++ генерацијата слета на територијата на Република Турција, каде ќе учествува на саемот на висока технологија „Технофест“, што од 17-22 септември ќе се одржи во Истанбул. Ова за рускиот интернет-портал ТАСС го пренесе информативната служба на Обединетата воздухопловна корпорација-ОАК.

„Повеќенаменски ловец Су-35 слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул (Република Турција), каде ќе учествува на саемот „Технофест“, соопшти Обединетата воздухопловна корпорација (ОАК), пренесува интернет-порталот ТАСС.

Од информативната служба на ОАК додаваат дека на оваа манифестација се очекува да пристигнат и други руски авиони, меѓутоа тие не прецизираа за кои конкретно летала станува збор.

Неодамна неименуван извор од руската воздухопловна индустрија изјави дека Русија планира да испрати авион-ловец Су-35 на саемот во Турција, за кој постои интерес од страна на домаќинот. Според нив, се очекува да се појават на „Технофест“ патничките авиони МС-21, Sukhoi Superjet 100 и авионот-амфибија Бе-200.

Како што соопштија од Федералната служба за военотехничка соработка на Руската Федерација, неодамна дојде до состанок меѓу руската и турската делегација (МАКС-2019) околу потенцијална испорака на ловци Су-35 и Су-57 на турската армија. Подоцна се огласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека не ја исклучува можноста Турција да набави руски ловци Су-35 и Су-57 наместо американските F-35.

Су-35 е длабоко модернизиран суперманеварбилен повеќенаменскии ловец од генерацијата 4++ конструиран со технологија од петтата генерација. Небесниот крстосувач се карактеризира со висококвалитетна авионика која за основа користи комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем за согорување со зголемена моќ и контролирани вектори на потисок. Овие мотори, според своите карактеристики, можат да се применат и кај ловците од петтата генерација бидејќи обезбедуваат суперсонична брзина без дополнително согорување.

Максималната брзина на авионот е 2500 км/час, додека оперативниот долет достигнува 3400 км. Су-35 е вооружен со воздухопловен топ со калибар 30 мм, а на леталото има уште 12 точки за бомби и ракети.

Прочитајте повеќе: На Запад предвидуваат раст на популарноста на Су-35

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња