Ремонтиран „Дмитриј Донски“: Северната флота ја тестираше џиновската атомска подморница

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Стратешката атомска подморница „Дмитриј Донски“ ја помина фазата на ремонт и модернизација во бродоградилиштето ПО „Севмашпретпријатие“ во Северодвинск. Во водите на Белото Море таа изврши проверка на својата општа мобилност, како и новите системи кои станаа нејзин составен дел.

Атомската подморница на Северната флота „Дмитриј Донски“ го помина тестирањето во водите на Белото Море, кое беше реализирано по етапата на техничкиот ремонт, пренесува интернет-порталот РГ.

„Во временски период од неколку дена тешкиот подводен ракетоносец изврши проверка на своите маневарски способности, како и специфични елементи на борбена обука. Во текот на тестирањето проверена е работата на механизмите, системите и компонентите кои се дел од подморницата, реализирана е програма за проверка на максималните вредности на брзината кои се остварени при подводното и површинското движење. Исто така, подморницата нурна на длабочина од 200 метри, каде што е проверена нејзината целокупна мобилност“, пренесе за интернет-порталот ТАСС информативната служба на Северната флота.

Стратешката подморница „Дмитриј Донски“ е првата подморница од серијата Проект 941 „Акула“ и е единствената подморница од „џиновската“ класа која се наоѓа во вооружувањето на руската Воена морнарица. Се работ за класа на подморници кои според своите димензии се најголемите подводни пловила на светот. Нивната должина достигнува 172 метри, додека вкупниот депласман на пловилото изнесува импресивни 48 илјади тони.

Нејзината висина е во рангот на солитер од девет ката, поради што руските морнари ја нарекоа „деветкатна подморница“.

Нејзиното основно вооружување го сочинуваше група од 20 интерконтинентални балистички ракети Р-39. Во моментов подморницата „Дмитриј Донски“ вооружена со помодерните ракети „Булава“, со кои се вооружени и стратешките јуришни подморници од понова генерација од класата „Бореј“.

Прочитајте повеќе: Русија гради нов носач на авиони на атомски погон

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња