„Силно удира“: во САД ѝ дадоа оцена на руската ракета Р-30 „Булава“

Youtube
Текст посветен на руската интерконтинентална балистичка ракета „Булава“ се појави на американскиот интернет-портал We are the mighty. Според пишувањето на американските аналитичари ракетите се во состојба да збришат од лицето на земјата цели региони во САД.

Оваа ракета е способна да уништи цели градови, забележува авторот на текстот. Во материјалот се наспоменува дека интерконтиненталната ракета „Булава“ се наоѓа во вооружувањето на руските нуклеарни подморници од класата „Бореј“. Таа е во состојба да прелета растојание од 5000 милји (8000 км). „И кога удира, тоа изгледа силно“, се напомнува во публикацијата на американскиот сајт We are the mighty.

Ракетата е способна да носи до десет боеви глави, кои можат да уништат различни цели. Силата на секоја боева глава е еднаква на експлозија на 150 илјади тони ТНТ. Овие боеви глави се во состојба да го пробијат системот за противракетна одбрана затоа што за време на нивниот лет користат лажни мамки. Стратешките подморници од класата „Бореј“ во своето вооружување имаат до 16 вакви ракети, пренесува интернет-порталот РГ.

„Ова е рецепт за апсолутно уништување. Секоја подморница од класата „Бореј“ може да уништи до 72 цели кои индивидуално зафаќаат површина на еден град. Се разбира, за да се случи ова, сите ракети треба да бидат исправни“, пишува американскиот сајт. Авторот на публикацијата додава дека ракетите „Булава“ се во состојба да збришат од лицето на земјата цели региони во САД.

Интерконтиненталната балистичка ракета Р-30 „Булава“ (НАТО SS-N-30) се состои од три степени. Нејзиниот дострел се движи од 8000-11000 километри. Со прикачена боева глава „Булава“ е долга 12,1 метри. Нејзиниот калибар е 2000 мм. Ја движи мотор на цврсто гориво. Вкупната тежина на ракетата во борбениот спремник на подморницата е 36,8 тони. Таа е способна да понесе товар со маса од 1,150 килограми. Ова е доволно за да се инсталира боев блок составен од 6-10 независно насочени боеви глави со сила од 150 кт. Веројатната кружна грешка (отстапување од целта) на максимален дострел изнесува > 350 метри.

Прочитајте каде Русија ќе ги сокрие своите ракети „Булава” на Арктикот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња