Генералниот директор и главен конструктор на претпријатието „НПП Ѕвезда“ Сергеј Поздњаков во интервју за телевизијата „Ѕвезда“ откри детали за модернизацијата на седиштето за катапултирање на пилотот во ловецот Су-57.
Според него, значително се подобрени антропометриските карактеристики на седиштето и е намлена неговата маса. Барутот во катапултот сега има пошири распон на температури на кои може да се користи.
Со други зборови, седиштето се прилагодува на климата на другите земји. Како што објасни Поздњаков, тоа е направено со цел подоцна да се извезува авионот на странскиот пазар.
„Автоматиката што се користи во седиштето на Су-57 е значително „попаметна“ отколку во системите што се користеа порано“, соопшти тој. „Тоа значи дека спасувањето на пилотот се гарантира во многу поголем број ситуации отколку порано. На пример, кога авионот е свртен „на грб“, кога е во вител, кога е на земја, итн. Патем, такво седиште е монтирано и во авионите Су-35 кои сега ѝ се испорачуваат на армијата“.