МАКС-2019: „Ростех“ првпат ја претстави експортната верзија на дронот „Корсар“

Ростех
Холдингот „Роселектроника“ (Росэлектроника), кој се наоѓа во рамките на државната корпорација „Ростех“,на авиокосмичкиот саем МАКС-2019 го претстави извозниот модел на беспилотното летало „Корсар“. Ова летало ја доби сета неопходна придружна документација што му овозможува извоз во други земји во светот, така што ќе биде понудено на потенцијалните странски клиенти.

Комплексот „Корсар“ е развиен од компанијата КБ „Луч“ (дел од холдингот „Роселектроника“). Во извозната верзија овој дрон обезбедува радиус на дејство од најмалку 100 км. Максималната брзина на леталото се движи во опсег од 100-180 км/час, а должината на летот може да достигне 7,5 часа. Работната висина на леталото се движи во опсег од 100-4000 метри. Полетната маса му е 200 кг, распонот на крилата 6,5 метри, а должината на апаратот е 4 метри. Од опрема „Корсар“може да има блок со оптоелектронски уреди, радарска станица, компјутеризирана аерофотокамера, метеоролошка опрема, а исто така и транспортен модул.

Како што пренесува официјалниот сајт на „Ростех“, главната предност на комплексот „Корсар“ е неговата отворена архитектура. Леталото може многу лесно да се адаптира за изведување цел спектар задачи. Од употреба во метеорологијата и аерофото снимање на терен, па сѐ до детекција на цели и транспорт на товар. На овој начин, беспилотното летало „Корсар“ заменува практично цела флота дронови со различна специјализација, пренесува порталот Marsonline.

Во рамките на проектот „Корсар“ е направен иновативен систем за генерирање електрична енергија, минијатурна склопка за стартување на моторот и електронски регулатор на неговото работење.

Второ, беспилотното летало „Корсар“ има можност да оперира во мрежноцентрична форма на организација во размена на информациски податоци, која се користи за поврзување на дронот со контролниот центар и другите корисници на неговите услуги. Комуникацискиот систем што се наоѓа во „Корсар“, исто така, обезбедува и поврзување со други видови воздушни и копнени објекти. Притоа се користи високозаштитен облик на врска кој е многу сигурен и брз.

Прочитајте повеќе: „Ростех“ објави информации за најновиот беспилотен комплекс „Корсар“ (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња